Граничните премини кон Грција отворени, сообраќајот нормализиран

401
0
АКЦИЈА

Сообраќајот на граничните премини кон Грција, којшто беше во прекин поради штрајк на грчките цариници, денеска е нормализиран, соопшти утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Граничните премини Евзони и Дојрани беа затворени до синоќа до 23 часот, а штрајкот на граничниот премин Меџитлија траеше до 5 часот утринава.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на патиштата низ државата утринава се одвива по наместа влажни коловози.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР