Да се забрза процесот за членство во ЕУ – Дали Македонија ќе го фати последниот воз?

389
0
АКЦИЈА

Македонија сè уште има можност да влезе во групата со Србија и Црна Гора, за кои се очекува да влезат во ЕУ во 2025 година, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Според неа, Македонија во овие четири месеци започнала многу процеси и покажала желба и интерес за да работи во правец на интеграциите и тоа може да влијае ЕУ да одлучи да го забрза процесот на членство на земјата во Унијата.

Од друга страна, екс-министерот за надворешна работи, Никола Поповски, истакна дека Македонија оставила добар впечаток кај соседните земји, со како што вели, подготвена да потпише сè, без да поставува многу прашања.

Претседателката на Институтот за европска политика, Јулиана Николова, истакна дека Македонија има можност да го фати последниот воз за да влезе во ЕУ заедно со Србија и Црна Гора во 2025 година. Но, за остварување на таа цел, потребно е новата Влада да покаже подготвеност  да направи сериозни реформи, вели таа.

На дводневната панел дискусија, кој се одржува во Скопје, се очекува експертите од цела Европа, да разменат идеи и предлози, како може Македонија да го забрза процесот на членството во ЕУ.

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР