Четворица повредени при несреќа на мал авион на аеродромот „Ататурк“

423
0
АКЦИЈА

Четири лица беа повредени синоќа кога мал приватен авион излета од пистата на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, по што се запали, јавија турските медими.

Авионот од типот „Цесна 650“ излетал од пистата при обид да слета на аеродромот.

Причините за несреќата засега не се познати, но аеродромските власти соопштија дека пред слетувањето на авионот, пилотот пријавил дека има технички проблеми.

Припадниците на аеродромската противпожарна служба за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот.

Поради пожарот времено беа одложени сите летови на аеродромот „Ататурк“, но нешто подоцна авионскиот сообраќајот беше целосно возобновен.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР