Пушачите тешко се откажуваат од цигари, фалат кампањи за подигање на свеста

543
0
АКЦИЈА

Стефанка Димовска која на 25-годишна возраст ја запалила првата цигара, сè уште пуши, 23 години од тогаш. Вели дека на почетокот трошела по една кутија на недела или две. Но, зависноста од цигарите денеска ја тера да пуши по цела кутија на ден.

Признава дека сака да се откаже еден ден, па затоа почнала да доаѓа во Советувалиштето во центарот за јавно здравје, на едукативни предавања.

Димовска сугерира здравствените власти да покренат редовни кампањи за да се подигне свеста на граѓаните, дека пушењето сериозно го загрозува здравјето на човекот. Како во други земји, со поразвиен здравствен систем.

Валентина Симоновска, специјалист по социјална медицина  работи во центарот за јавно здравје задолжена во советувалиштето за индивидуален третман на клиенти кои се јавуваат доброволно за откажување од цигари. Вели дека иако услугата е бесплатна, сепак многу малку пушачи дошле да побараат помош.

Симоновска вели дека лекарите кои работат во ова советувалиште не се пушачи и затоа нивниот пепелник се користи за визит карти. Секој пушач мора да помине низ целиот процес за терапијата да биде успешна. Таа започнува со советување.

Прво се изнесуваат фактите за штетноста од користењето тутун секојдневно, за последиците, а дури потоа на оние што ќе пројават желба да се откажат, доколку не можат да го сторат тоа самостојно, им се нуди терапија – преку гуми за џвакање, фластери, инхалатори, назален сируп и други помошни средства за одвикнување од зависноста од никотин.

Мирадие Хасани

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР