video
https://www.youtube.com/watch?v=ZrWKKFKgwy8 Во домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга, денеска најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ одржа Конвенција на која од 9-те кадидати за претседателски кандидат, ја избраа професорката Гордана Силјановска со 408 гласа, од вкупно 519 делегати кои гласаа. По завршувањето на Конвенцијата, Силјановски изјави дека до сега многу добила од Македонија, и време било таа да и врати на земјата....
Влатко Ѓорчев доби 80 гласа на денешното гласање за кандидат за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорчев се заблагодари на поддршката, и истакна дека останува во редовите на опозицијата, и на располагање за победа на овие избори. „Прво благодарност до оние 80 делегати кои гласаа за мене. Сакам да и ја честитам победата на професорката Силјановска и да и посакам...
На денешната средба помеѓу Вардар и Веспрем (27:29) во ракометната Лига на шампиони, навивачите на Вардар, популарните „Комити“ имаа свој транспарент. Тие очигледно се против менувањето на уставното име на државата, која од пред неколку дена е Република Северна Македонија. „Чујте вие неразбрани трговци. Ова е Македонија, ние сме Македонци“, стоеше во транспарентот на фановите на Вардар на ракометниот дуел...
После изборот на претседателскиот кандидат во името на Гордана Силјановска од страна на ВМРО-ДПМНЕ, со соопштение се јавија од СДСМ. Тие напоменаа дека исходот од Конвенцијата бил сосема очекуван, но порачаа Мицкоски и Силјановска да се подготват за пораз. „Како што се очекуваше, Мицкоски денеска го официјализираше својот кандидат кој застана рамо до рамо со него, тргна против напредокот, проитв...
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека очекува победа во првиот круг на претседателските избори на кандидатот Гордана Силјановска Давкова, а потоа и потврда на победата и во вториот круг. „Сакам да и честитам на Гордана Силјановска. Македонија денеска доби нов претседател, доби мајка на нацијата. Очекувам победа во првиот круг, а потоа и потврда на победата и во вториот...
Гордана Силјановска Давкова е претседателскиот кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа вечерва беше избрана со 408 гласа на Конвенцијата на партијата во Струга. Истакна дека доколку сметала дека Конвенцијата е фарса, воопшто немала да се кандидира. „Јас сум свој човек, и сум покажал дека имам интегритет. Јас сум благодарна на денешната Конвенција што се определи за мене. Ќе барам поддршка најмалку...
video
https://www.youtube.com/watch?v=8lGyIEeuVrg Изутринава почина уште еден  39 –годишен пациент на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување -Карил, подлегнувајќи им на повредите здобиени од сообраќајната несреќа. Пациентот имал тешки повреди на градниот кош и белите дробови. Со тоа бројот на настрадани се искачи на 15 лица. -Пацинетот е примен дента меѓу првите пациенти што се донесени тука на клиника. Истиот 39-годишениот пациент...
https://www.youtube.com/watch?v=D0m54GcTsSw За ужасот од 13-ти февруари, кога се преврте автобус на компанијата „Дурмо Турс“, раскажува и командирот на Противпожарната единица. Вели дека сликата што ја виделе на местото на настанот била застрашувачка. Симоновски додава дека првиот повик го добиле од заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Екрем Зендели. Командирот на Противпожарната единица, раскажува дека втората екипа на пожарникари, на местото на...
video
https://www.youtube.com/watch?v=zHd_pWX2Y70 МВР вели дека спречиле терористички напад во Северна Македонија, но без да открие ниту еден детаљ за локацијата на претресот ниту пак за бројот на уапсени лица. По МВР веднаш реагираше и Амбасадата на САД во Скопје. Во нивното соопштение предупредуваат граѓаните да ги избегнуваат јавните места, трговските центри, аеродромите и секаде каде се собираат многу луѓе. Експертот по...
Во моментов во Батинци има пожар. Според информациите на отворен простор гори сува трева. Пожарникарите се на лице место, и го гасат оганот. Засега пламените јазици не се опасност за куќите кои се наоѓаат во тоа подрачје.  Очекуваме повеќе детали од надлежните.
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com