62-годишник донираше крвна плазма – „Сите треба да се бориме со вирусот ковид-19“

НАШ ПРЕДЛОГ

Хрватски епидемиолог за употреба на руската вакцина во Хрватска: Ни случајно!

Дијана Мајер, епидемиолог во Хрватскиот завод за јавно здравство (ХЗЈЗ) и водител на Одделот за следење и...

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот...

За една година ќе излезе во пензија како медицински техничар во болницата во Куманово. 62-годишник Исмаил Алили, животот го поминал работејќи. Сега, освен кокошки, чува и зајаци и гулаби.

„Имам и зајак и гулаб. Заедно се тука“.

Пред неколку дена донираше крвна плазма за лекување на заразени од Ковид-19, а покрај домашни животни, одгледува и бавча во неговиот дом во Слупчане.

- Реклама -

Н: Не те боли раката кога ја стегаш?
-Не, нормално е сѐ, како да немам ништо. Јас и порано давав крв. Како што ви кажав, 12 пати имам дарувано, ова е 13-тиот.
Н: Дали одгледување на земја ти помогна за подобро здравје?
-Да, секако. Тука е чист воздух. Јас имам и стан во Куманово. Ќерките живеат таму, јас подобро се чувствува тука на село. Чист воздух, поработувам по нешто. И храната и водата се чисти. Храна имаме од бавча, месо од кокошките што ги чуваме.

- Реклама -

40 години работел две работи, но не се чувствува изморено. Вели дека работата го направила посилен и поздрав. И на младите им порачува да го направат истото.

- Реклама -

„Би им рекол на младите да работат и земјиште, но и да учат. Можат да одат и на училиште и да обработуваат земјиште. Сѐ се може, кога се слободни може. Има време и да учат, и да се образуваат, и да работат. Нашето село живее од земјоделството, но младите не сакаат. Добро е да се работи. Од 2001 година работам во Куманово, но доаѓав тука и обработував земја. Купив и трактор. Сега веќе сум подготвен за пензионирање“, истакна Исмаил Алили.

Освен Исмаил, плазма донираа уште 22 други вработени во кумановската болница, кои претходно биле заразени со Ковид-19. Но, пред да донираат, направиле уште еден тест за коронавирус.

„Сите кои донираат плазма, претходно се тестираат кај нас, ако тестот излезе негативен, тогаш можат да донираат плазма“, посочи Ариф Љатифи.

Тестот на Исмаил излегол негативен, по што тој донирал крвна плазма. Тој повикува неговиот пример да го следат и другите, бидејќи како што вели, само ако си помагаме меѓу себе, можеме да го победиме вирусот.

„Треба да се помага. Не е нешто од кое треба да се плашиме и да велиме дека нема начин да даруваме крв. Има, се прават анализи. Тие не земаат крв без претходно да ги направат потребните анализи. Ги прават анализите, и ако си здрав, треба да дадеш крв. Пациентите имаат потреба од помош. Ние треба да се бориме против пандемијата“, порача Исмаил Алили.

Во нашата земја нема голема заинтересираност за донирање плазма. Досега се обезбедени само 31 единици конвалесцентна плазма. Од нив, 15 се обезбедени преку стандардно дарување крв. Со една единица плазма, од Ковид-19 може да се излекува само еден пациент.

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Продолжува блокадата на депонијата – „Русино“ затворена додека не се најде на нова локација

Движењето „Стоп Русино“  уште 10 дополнителни дена останува на влезот на депонијата Русино, и нема да дозволи истовар на комунален смет и...

Пендаровски може да го прекрши Уставот? – Талат Џафери најавува можна уставно-институционална криза

Доколку Претседателот Стево Пендаровски го додели мандатот за формирање на Влада, без притоа да биде избран новиот собраниски спикер, тогаш неговиот чекор...

Каде се „кршат копјата“ меѓу ДУИ и СДСМ? – Ахмети инсистирал првата година од новата Влада премиер да биде Албанец

Не само позицијата за премиер Албанец, копјата меѓу СДСМ и ДУИ во преговорите се кршат и за бројот на функционерските места кои...

Интервентни единици и војска се распоредуваат во центарот на Минск

Белоруски интервентни единици и воени сили пристигнуваат во центарот на Минск, а припадници на интервентната полиција се упатија по Авенијата Независност кон...