532 лица во болница се лекуваат од коронавирус, 4 на респиратор – во „Козле“ 7 деца и 5 мајки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Четири лица од вкупно 532 хоспитализирани низ болниците во Македонија се наоѓаат на респиратор. Пациентите се наоѓаат во Градската општа болница „8-ми септември“, каде пак вкупно хоспитализирани се 47.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 20 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 115 пациенти. На кислородна поддршка се 90 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 7 деца и 5 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 3 мајки суспектни на вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани и Кавадарци се хоспитализирани 262, позитивни и сомнителни на Ковид-19.