4 милиони евра загуба за 6 месеци – рент-а-кар бизнисот бара помош од државата

НАШ ПРЕДЛОГ

МОН: Успешно заврши првиот училишен ден, важно е секое дете да следи настава

Министерството за образование и наука соопшти дека првиот училишен ден помина успешно за најголем дел од учениците...

Дескоска: „дебатава“ за импичмент наликува на она „нишајте го бродот за нешто да се случува“

Поранешната министерка за правда на социјалната мрежа Фејсбук попладнево објави свој став по однос на најавите дека...

Учениците од Лешница ја бојкотираат наставата, родителите се жалат за стариот училишен објект

40 ученици од Лешница – Желино ја бојкотираа наставата иако од МОН добиле одобрување за настава со...
-Реклама-

Рент-а-кар бизнисот во Македонија работи со загуба веќе 6 месеци поради пандемијата. Од Здружението за рент-а-кар велат дека за 85% е намален интересот за рент-а-кар а 40% од автомобилите не се регистрирани бидејќи нема интерес. Рамадан Идризи, претседател на ова здружение вели дека годишно од овој бизнис на државата и носат 20 милиони долари кои оваа година ги немаат.

„Иако аеродромот е отворен, нашиот бизнис функционира со 10 до 15%, ние како бизнис заедница со рент-а-кар купуваме околу 1 илјада нови автомобили, што не се случува секоја година. И работата е нула бидејќи нашиот бизнис на државата и носи над 20 милиони долари годишно, пари кои оваа година ги немаме. До сега секоја компанија 40% од автомобилите не ги има регистрирано и правиме планови да отпуштиме неколку работници од работа бидејќи нема работа“, истакна Рамадан Идризи.

- Реклама -

Од ова здружение бараат државата да им помогне за платите на вработените, да се укине каматата од кредитите што ги имаат и да им дадат бескаматни кредити.

„Владата може да ни даде бескаматен кредит, да ни даде средства за плата на вработените, да ни овозможи банките да ги укинат каматите, да не се пресметува камата за ануитети кои треба постојано да ги плаќаме, а за кредитите што ги одложуваат банките, нам ни наплаќаат камата“, додава Рамадан Идризи.

- Реклама -

До сега само аеродромот во Скопје добил помош со укинување за 85% од киријата за трите месеци карантин и 50% за плаќање на киријата за сегашниот период. Бизнисот со рент-а-кар се смета дека до сега претрпел загуба од 4 милиони евра. Недоаѓањето на печалбарите и нефункционирањето на аеродромот неколку месеци, се причина што овој бизнис претрпел големи загуби, како и многу други бизниси.

ВЕСТИ ВО 19:30

#21LiveNews

#21LiveNews 19:30 Вести на македонски јазик | 01.10.2020

Posted by TV21 on Thursday, October 1, 2020

Филипче: Излекуваните од Ковид-19 да даруваат конвалесцентна плазма

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување...

ВМРО-ДПМНЕ повторно на протест во сабота

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави повторно протест. Протестот е закажан за во сабота...

Новите терапии овозможуваат поквалитетен живот за лицата со ретки болести

На Меѓународниот ден на лицата со Гоше, Министерството за здравство ја нагласува својата заложба за понатамошно подобрување на здравствените и социјални услуги...

В недела по 16-ти пат Скопски маратон

Во вчерашната емисија „Урбан таг“ гостинка во студиото Гордана Кузмановска Николовска, дел од организацијата на Скопскиот маратон кој треба да се случи...

Сончево со умерена облачност – температурата до 26 степени

Сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец,...