34-годишна жена почина откако паднала од поткровјето од куќа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На 31.07.2020 во 22,35 часот во Полициска станица Драчево било пријавено дека во с. Батинци, скопско Ф.Џ.(34) од с.Батинци паднала од поткровјето од куќа и починала на лице место. Смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош.

На местото на настанот излегла екипа од СВР Скопје и за настанот е запознаен јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на семејството.