31-годишна тетовка пријавила обљуба од 52-годишен сограѓанин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вчера (1 јуни) во 22 часот, 31-годишна тетовка во СВР Тетово пријавила дека околу 19 часот и 35 минути во стан на улица „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, каде била повикана да дојде, 52-годишниот тетовец Ш.Д., најпрво ја бакнал, потоа ја допирал по телото и се обидел да изврши обљуба.

Ш.Д. по кусо време бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.