19 години од Рамковниот договор – „Документ во развој, како човековите права“

НАШ ПРЕДЛОГ

Родилка и нејзиното бебе починале на гинекологија

Родилка и нејзиното бебе починале вечерва на Клиниката за гинекологија и акушерство во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“,...

Обид за убиство!? На Доналд Трамп му пратиле пакет кој содржел отров

На претседателот Доналд Трамп му бил испратен пакет кој содржел отров рицин, пренесува Си-Ен-Ен.

Голем шумски пожар на планината Стогово на непристапен терен

Голем шумски пожар повеќе од пет часа беснее на планината Стогово во Општина Центар Жупа, пренесува Сител....
-Реклама-

Годишнината на Рамковниот договор го активираше министерот за Политички систем и односи меѓу заедниците. Садула Дураку на 19-та годишнина на Рамковниот договор им се обрати на граѓаните.

„Иако има многу гледни точки за спроведувањето на Рамковниот договор во пракса, самите факти зборуваат за успехот на овој договор. Зборуваме за темелни промени а не за замислени желби. Не може да се направи споредба пред и по 2001 година бидејќи разликите се многу големи“, истакна Садула Дураку.

- Реклама -

Како што изјави министерот Дураку, и аналитичарот Алберт Муслиу смета дека се направени промени кои Албанците не можеле ниту да ги замислат, вклучувајќи го и Претседателот на Собранието и  кандидат за премиер Албанец.

„Не само што имаше квалитетен напредок, напредок во бројките, туку имаше и ментален напредок. Неколку промени кои се направени, ние не можевме ниту да ги замислиме. Да не заборавиме дека имавме претседател на Собраните во претходниот мандат, сега се преговара за премиер Албанец, во период кога не се оспорува етничката припадност, туку процесот на преговори, тоа е политичко прашање. Сакам да кажам дека немаме револуција во заедницата, а да не заборавиме дека во 1990 година по осамостојувањето на Македонија, нас не споредуваа со заедницата на Домородните од САД, со навредливи зборови“, истакна Алберт Муслиу.

- Реклама -

Аналитичарот Муслиу го смета за успех прогресот на заедниците во нашата земја во текот на овие 19 години.

„Кај нас, за жал, од потпишувањето на Охридскиот Договор, политичарите го земале како математички документ кој треба да се исполни и да се завршат сите работи. Охридскиот Договор за разлика од другите договори во Балканот, е документ во развој, како што се индивидуалните и колективните права“, додава Алберт Муслиу.

- Реклама -

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со Рамковниот договорот, рече дека направеното може да се види, при што ги спомна: Законот за јазиците, националните симболи, универзитетите на албански јазик, додавајќи дека има уште многу работа. Од друга страна, поранешниот премиер, Зоран Заев рече дека овој договор придонесе да има сигурна држава и релаксирачки односи меѓу етничките заедници.

На денешен ден пред 19 години е потпишан Рамковниот договор, со што се стави крај на неколкумесечниот конфликт во нашата земја. Приговорите почнаа во Скопје и продолжија во Охрид, процес кој заврши со потпишување на документот на 10 август. Три дена потоа, односно на 13 август 2001, во Вила Водно, Охридскиот договор го потпишаа тогашниот претседател, Борис Трајковски, екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, претседателот на ПДП, Имер Имери, тогашниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски и претседателот на ДПА, Арбен Џафери.