Прирачник од НАТО за Македонија

https://youtu.be/dbo39xDHObs

Државниот врв упати честитки до граѓаните на Македонија, по повод добивањето покана за почеток на преговори за членство на земјата во НАТО. Претставниците на македонската делегација од Брисел истакнаа дека местото во Алијансата, на Македонија ќе ѝ донесе безбедност, но и низа други придобивки. Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вели дека земјата денеска се дели од историјата и се врти кон иднината.

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шеќеринска, изјави дека имала можност да разговара со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и со неговиот заменик, како и со неколку министри за одбрана на земјите-членки, од кои добила позитивен став.

Националниот координатор за подготовка на Македонија за влез во НАТО, Стево Пендаровски, рече дека по ова, земјата ќе мора да помине низ процедурите, вообичаени за секоја земја – аспирант за членство во НАТО. Вели дека домашната задача на Македонија е целосното спроведување на Договорот со Грција.

По Ратификацијата на Договорот за името со Грција, се очекува наесен да се одржи референдум, во кој доколку граѓаните се изјаснат дека се за промена на името и влез во НАТО и ЕУ, ќе да се направат уставните измени. Доколку сѐ тече според планираното, се очекува преговорите да завршат до јануари 2019 година. Откако Договорот ќе се ратификува во грчкиот Парламент, во период од една година, ќе уследи и ратификацијата за членство на Македонија во НАТО од сите Парламенти на земјите-членки на Алијансата.

Аднан Ќаили