110 работници останаа на улица – во стечај фабриката чиј сопственик беше и Кочо Анѓушев

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Наместо да бидат на работа, денешниот ден овие работници го дочекаа со протест пред фабриката во која некој работеле над 20 или 30 години. Во петок на пладне, раководителот на „Каст Инвест“ им ја соопшти веста дека фабриката оди во стечај и дека од понеделник веќе нема да доаѓаат на работа.

„За толку кратко време, за 10 минути да се затвори фабриката, се зачудивме…“, вели Решат Фејзилахи, работник

ТВ21: Не знаевте ништо претходно?

Р.З. – Ништо, воопшто.

„Јас овде работев 20 години, цела моја сила ја оставив тука. Не тераа овие цевки да ги направиме што побрзо, го продолживме и работното време, само да се заврши што побрзо. Единствено нешто што бараме е да ни дадат потврди и плати, останавме на улица, ние дома сме 6-мина, сите чекаат од мене, немам каде да одам на друго место“, додава Самет Асани.

Бараат само една и пол плата што ја немаат земено, а причините за стечај што ги оставија овие 110 работници на улица, ниту тие не ги знаат.

Директорот на производство, иако не знае сигурно, се сомнева дека стечајот е причина на некои работи кои не се сработени како што треба.

И другите работници ни рекоа дека во последно време морале да работат многу и дека имало цели камиони вршеле транспорт.

И ТВ21 се обиде да стапи во контакт со директорот Перо Колев, но истиот не одговори на нашите повици и пораки. Сопственичката структура на Каст Инвест ја сочинува и фирмата Брако која е на екс вицепремиерот Кочо Анѓушев. Освен него, сопственици на Каст се уште тројца други лица. Со порака му се обративме и на Анѓушев во врска со стечајот и исплатата на платите на работниците, но до овој момент одговор немаме.