100 илјади живеат во сиромаштија – 500 илјади граѓани денот го поминуваат со 130 денари

НАШ ПРЕДЛОГ

Борисов излегува од самоизолација

Регионалниот здравствен инспекторат во Софија, соопшти дека е укината задолжителната самоизолација на бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Ел Класико“: Реал Мадрид подобар од Барса на „Камп Ноу“

Шпанскиот шампион Реал Мадрид го освои првото издание на „Ел Класико“ оваа сезона по победата од 3:1...

Аеродром, Карпош и Центар на врвот – еве каква е состојбата со коронавирус во скопските општини

Аердором со 656, Карпош со 522 и Центар со 507 случаи се трите скопски општини кои се...

Питачи на секој чекор кај Камен мост, во Старата скопска чаршија, но и на други места. Ковид- 19 уште повеќе ја влоши финансиската состојба на граѓаните. Студијата на Институтот Finance Think покажа дека поради пандемијата околу 100.000 граѓани во земјава живеат во сиромаштија. Речиси 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, додека 25.000 луѓе трошат по 44 денари  на ден. Од Институтот сметаат дека младите до 29 години и луѓетокои земаат со ниски плати, се најпогодени од ситуацијата. На Светскиот ден за борба против сиромаштијата, премиерот Зоран Заев им се обрати на граѓаните преку видео-порака. Заев порача дека нема да дозволи никој да остане незгрижен.

Веднаш со реакција се јави и опозициската партија, ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата го обвинија Заев дека ја осиромашил земјата и дека економските пакети не дале никаков ефект.

„Над 40.000 граѓани останаа без своите работни места во ек на пандемија. Четвртиот пакет на мерки како и сите претходно за време на коронакризата беа ненавремени, задоцнети и недоволни, СДСМ остави на цедило над 14.000 мали претпријатија сами да се справуваат без никакви приходи. На Светскиот ден за борба против сиромаштија СДСМ може да се пофали со над 450 илјади граѓани на раб на егзистенција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата на Заев ја зголемила стапката на сиромаштијата за 6%, осврнувајќи се и на покачувањето на електричната енергија за 7.4%.

Санкционирани 983 прекршоци за неносење на маска

Во текот на изминатото деноноќие (23/24.10.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење заштитни маски регистрирани се...

Филипче: Амди Бајрам имаше комплексна здравствена состојба

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека лидерот на Сојузот на Роми, Амди Бајрам, кој утрово почина, имал комплексна здравствена состојба...

Франција го помина прагот од милион заразени од Ковид-19, за 24 часа речиси 300 смртни случаи

Во последните 24 часа во Франција починаа 298 лица од Ковид-19, а притоа се откриени нови рекордни 42.032 случаи на заразени, јави...

Полскиот претседател позитивен на коронавирус, во земјата протести против строгите мерки

Полскиот претседател Анджеј Дуда е позитивен на коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол Блажеј Спихалски. Тој напиша на Твитер дека...

На 99 години го победи коронавирусот – па им се врати на видеоигрите

Кога 99-годишната Шпанка, Флорентина Мартин се инфицира со коронавирус во септември, нејзината внука не се плашела дека болеста може да ја убие.