10-годишниот Олти жртва на онлајн измама – со неговиот лик се обиделе да соберат пари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

“Јас сум Олти. Имам мајка, татко и брат. Живеам во Шведска. Добро сум, не ми треба ништо, имам услови.“

10 годишниот Олти стана жртва на злоупотреба на социјалните мрежи. Со денови се врти фотографија на Олти под лажно име – Аљтон. Во лажниот опис се вели дека Аљтон е од Куманово и страда од болест на бубрезите и дека му се потребни пари за лекување. Контактиравме со семејството на Олти. Неговиот татко кога го видел Олти на таа најава на интернет, се шокирал.

„Ја земале и злоупотребиле сликата на мојот син во Куманово. Кога го видовме ни падна тешко бидејќи нашиот син е здрав како дрен и не се вика Аљтон и нема 7 години.. Ова е Олти, 10 годишен. Живееме во Шведска а сме од Косово. Кога ја видовме сликата не’ погоди многу тоа. Се чувствувавме многу лошо“, вели таткото Арѓенд Паќаризи.

Семејството Паќаризи е од Косово и со години живее во Шведска. Татко му вели дека случајот ќе го пријави во полиција. Тој упати апел да не се злоупотребуваат децата во вакви случаи бидејќи со тоа им се нанесува штета и на семејствата но и на децата на кои навистина им е потребна помош.

„Се пријавило со името Берат едно дете кое божем има потреба од лекување во Турција. Уште на почетокот фотографијата ми беше сомнителна. Потоа побарав на Гугл и видов дека станува збор за едно дете од Шкотска. Значи беше фотографија земена од Интернет со измислена историја“, вели Фарије Даути Бакиу.

ТВ21 го контактираше лажниот број кој е објавен за помош но истиот е веќе блокиран. Некои од ваквите случаи се пријавени во МВР. ТВ21 праша во овој оддел за случајот со жената од Куманово и за тоа колку случаи до сега МВР истражило, но од таму засега нема  одговор.