Меѓународен ден за борба против хомофобија: Дискриминација поради сексуална определба

530
0
АКЦИЈА

Ниту еден случај на насилството коj се врши кон ЛГБТИ заедницата не е решен, вели Антонио Михајлов од Здружението „Субверзивен фронт“ Скопје. Тој вели дека ова е поради тоа што недостига соодветна правна рамка за заштита и остварување на човековите права на овие лица јасно ги позиционираат овие лица на маргините од општествените, културните и политичките процеси.

„Насилството врз ЛГБТИ лицата се случаи регистрирани од 2012 па наваму, се уште нема најдено решение од страна на надлежните власти. Се уште немаме одговор, ниту пак истрагата придонесе некакви резултати.“, изјави Михајлов.

 Од Обединетите нации информираат дека постојат 77 земји во светот каде што односот помеѓу поединци од ист пол се уште се смета за кривично дело, а во 5 земји тоа се казнува со смртна казна.

„За жал, и во Македонија и во минатото сме свесни какви случки не пожелни се случувале. Го повикуваме политичкото лидерство во земјата за да се заложи за ова бидејќи вез јасна политичка волја за жал насилствата кои се случуваат кон заедницата на ЛГБТИ остануваат неказнети.“, рече претставничката од Обединетите Нации, Луиза Винтон.

Со отстранувањето на хомосексуалноста како болест од страна на Светската здравствена организација на 17-ти мај 1990 година, ЛГБТИ движењето во светот доби пресвртница и нов стимул во креирањето на глобална кампања за еднакви права на ЛГБТИ лицата. 26 години подоцна, состојбата со правата и статусот на ЛГБТИ лицата е сè уште загрижувачка.

Арбана Ќерими

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР