Експерти: Препораката и помошта од ЕУ за сега сигурни, странските инвестиции под знак прашалник

474
0
АКЦИЈА

Иако Македонија подолг временски период е во политичка криза, сепак, не постои опасност од одземање на препораката за членство во ЕУ. Нема да има ниту замрзнување  на фондовите од ИПА, информираат од Институт за европска политика.

Помошта од ЕУ може да биде загрозена доколку се откријат финансиски малверзации, по завршувањето на истрагата што ја иницираше Фондацијата ОЛАФ, вели Александар Јовановски од ЕПИ.

„Организацијата ОЛАФ веќе е во предистражна постапка за одредени сериозни обвинувања на средства од европските фондови. Ние тој процес ќе го следиме и ќе почекаме ОЛАВ да се произнесе дали средствата се малверзирани, злопотребени и ненаменски потрошени. Знаете дека казните се огромни, односно за едно ненаменски потрошено евро, земјата треба да врати 5000 евра.“, вели Александар Јованосвки од ЕПИ.

Македонија, треба што поскоро да ја реши политичката криза, затоа што веќе има најави за санкции од меѓународните фондови, како што се ММФ и Светската банка, а земјата е директно зависна од овие средства, затоа што не е извозно ориентирана економија, вели економистот Висар Адеми. Постои опасност и од повлекување на странските инвеститори во други постабилни држави, додава Адеми.

„Бизнисмените се плашат да инвестираат во држави каде што има нестабилни институции, нестабилна Влада, каде постојано се креира атмосфера на конфликт. Доколку продолжи ова состојба, Македонија многу ќе заостане во однос на државите во регионот, затоа што странските инвеститори бараат мирен амбиент.“, изјави Адеми.

Граѓаните може да останат спокојни и во однос на визната либерализација. Засега Брисел не планира да ги врати визите за Македонија, смета стручната јавност. Сепак, европската Унија најави друг вид на санкции. Тие ќе се однесуваат на одредени политичари и функценери, а ќе им бидат изречени мерки, како што се забрана за влез во Унијата и замрзнување на сметките во странство.

Габриела Димковиќ – Мишевска

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР