ЕПИ: Проблеми во меѓуетничкото инегрирано образование

678
0
АКЦИЈА

Додека образованието не се поставува како столб, нема да има интегритет во ова општество, сметаат од Институтот за европска политика, кој преку две групи спроведе истражување и детектира голем број на проблеми во областа на образованието.

Директорката на оваа институција, Малинка Ристевска Јорданова рече дека во интегрираното образование е забележена голема централизација.

Горан Јанев од Институтot за социолошки и политичко – правни истражувања, изјави дека тие нудат заеднички пристап за  зближување и заедничко решавање на проблемите како една заедница.

Адмир Брава од Институтот за истражување на политики и добро владеење, вели дека промените треба да бидат институционални. Тој зборуваше за еден од проблемите со коj се соочил во текот на истражувањето.

Експертите велат дека образованието паднало на многу ниско ниво и дека токму овие истражувања се анализа на големите проблеми со кои се соочуваме и се присутни во секоја сфера.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР