ЕПИ: Македонија заостанува со исполнувањето на препораките

608
0
АКЦИЈА

Фокусот на Европа е насочен кон бегалската криза, а не кон нејзиното проширување и токму поради ова Македонија треба да им се посвети на приоритетните реформи, беше една од пораките од дебатата на тема „Дали е можен нов пристап на ЕУ кон Балканот“, во организација на Институтот за европска политика. Директорката на Институтот, Малинка Ристевска – Јорданова, вели дека треба да се вклучи аларм за спроведување на приоритетните реформи од Договорот од Пржино.

Вонредниот професор на универзитетот Лајден – Холандија , Антоанета Димитрова, рече дека процесот оди наназад и дека е во корист на популистичките партии. Според неа, динамиката за вклучување на земјите во Европската Унија е сменета и земјите кои сакаат да влезат во ЕУ се преправаат дека ги спроведуваат реформите.

Вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Бесими, истакна дека за Македонија препораките од Европската унија се јасни. Тој прифати дека Македонија во споредба со другите земји од регионот, заостанала во исполнувањето на препораките од ЕУ.

По завршувањето на изборите, се очекува и извештајот од Европската Комисија за напредокот на Македонија, со што ќе се даде проценка и за спроведување на овие критериуми кои произлегуваат од препораките на меѓународниот фактор.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР