Дебата за медиумите: Заштитници на јавноста или политички заложници

619
0
АКЦИЈА

Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси” беше тема на денешната трибина организирана од Институтот за комуникациски студии. Проектот има за цел да ја зголеми свеста на граѓаните и вклучување на стручни лица во процесот на заштита на јавниот интерес.

Медиумите треба да бидат слободни и објективно информираат беа заклучоците кои произлегоа од дебатата организирана од Институтот за комуникациски студии. На дебатата беше претставен и документот која се однесува на јавните политики „Медиумите во Македонија: заштитници на јавноста или заложници на политичките интереси“. Амбасадорот на Велика Британија  во земјава, Чарлс Гарет истакна дека медуимите треба да бидат огледало на реалноста и да информираат објективно, со цел на граѓаните да им се каже вистината за да тие можат да ги засноваат своите убедувања во нивната одлука за кого ќе гласаат.

“Јавниот интерес и односот на медиумите со јавноста, се од суштинско значење за едно демократско општество. Ако сакаме демократијата да зајакне, потребно е  граѓаните, гласачите да имаат постојан проток на информации, каде тие би ги засновале нивните убедувања, нивните ставови и на крај да одлучат за кого ќе гласаат.“, изјави британскиот амбасадор Гарет.

Снежана Трпевска од Институтот за комуникациски студии упати критики до одредени медиуми, истакнувајќи дека тие не се базираат на објективно известување и ги кршат новинарските стандарди.

Петрит Сарачини од Македонскиот институт за медиуми рече дека граѓаните многу често не се информираат на објективен начин.

 „Нашата констатација е дека јавниот интерес во медиумите е помалку присутен и дека медиумите стануваат заложници на одредени интереси на политичарите, партиите и на бизнис круговите. Во целиот проблем каде се наоѓаат медиумите и новинарите, главни жртви се граѓаните.“, изјави Сарачини.

Од друга страна, се подвлече потребата на зголемување на граѓанска свест, учеството на професионални медиуми и граѓански организации во процесот на заштитата на „Јавниот интерес”.

Арменд Мурсели

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР