Снегот остави неколку кичевски села без струја, ЕВН на терен

714
0
АКЦИЈА

Делови од Кичево и околината веќе 24 часа се без електрична енергија. Иако од ЕВН велат дека нивни екипи работат на терен, жителите се уште се без струја. Проблемот со прекинот на електричната енергија настана по интензивните врнежи од снег во западните делови на Македонија. Синоќа екипа на ТВ21 беше во Кичево.

Од ЕВН – Македонија за ТВ21 велат дека нивни екипи се на терен за утврдување на проблемот, но и дека е потребно повеќе време кога станува збор за потешко проодни зони.

На терен излезе и градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој што рече дека локалните патишта се проодни и се преземаат мерки за расчистување на снегот.

Освен во Кичево, обилни врнежи од снег имаше и во Тетово, Гостивар, Струга и Охрид. Иако сите магистрални патишта се проодни, сепак, имаше забрана за тешки товарни возила и мерки за безбедност.

Салије Садику

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР