Прва јавна дебата за измена на Законот, ќе се стави ли крај на манипулациите кај јавните набавки?!

534
0
АКЦИЈА

Подигнување на прагот кај јавните набавки, зголемена контрола и менување на старото правило за добивање на тендерот односно приоритет да биде квалитетот, а не најниската цена. Ова се само дел од предлог измените на законот за јавни набавки кои експертите ги посочија на првата јавна дебата за менување на оваа регулатива. Измените се практични и се на барање на бизнис заедницата, изјави претседателот на Бирото за јавни набавки Ѓорѓи Георгиевски.

Целта на новиот закон за јавни набавки е да ја зајакне транспарентноста и контролата на постапките, а во исто време да ги направи поедноставни и полесни за имплементација, изјави  министерот за финансии Драган Тевдовски.

Бизнисмените го поздравија потегот од страна на  властите што им било  дозволено  да бидат вклучени во изработка на новиот закон. Стопанствениците потврдуваат дека сегашното законско решение има аномалии и добро е што ќе претрпи измени.

Процесот на јавните набавки во годините наназад го тресеа голем број на скандали. Главното прашање кое сега се поставува е дали конечно ќе се стави ред во трошењето на народните пари. Официјалните податоци покажуваат дека годишно државните институции преку тендери трошат околу една милијарда евра, пари на граѓаните.

Иле Петревски

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР