ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на годишната програма, ја сметаат за скандалозна

526
0
АКЦИЈА

Овогодишната програма на СДСМ и Министерот Роберт Алаѓозовски е безидејна, неправична, популистичка и не поддржува рамноправен културен развој во Република Македонија, како на локално ниво, така и во однос на етничката застапаност, изјави денеска Роберт Вељановски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ бара Владата и Министерство за култура под итно да ја повлечат Годишната програма и да отпочнат постапка за изготвување на нова програма за 2018-та согласно декларираните принципи на правичност, диверзитет во распределбата и силна поддршка за уметниците и културните работници, а согласно интересот на сите граѓани на Република Македонија.“, рече Вељановски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР