Ќе се доближат ли ставовите во Виена, маратонски разговори меѓу Димитров, Коѕијас и Нимиц?!

884
0
АКЦИЈА

Маратонски разговори во австриската престолнина денеска водат Димитров, Коѕијас и Нимиц. Шефовите на македонската и грчката дипломатија во Виена се обидуваат со медијаторот да ги надминат разликите за името. Позициите се усогласуваа и во текот на вчерашниот ден бидејќи како вовед на денешниот состанок со медијаторот министрите разговараа меѓутоа ниту македонското ниту грчкото МНР не објавија никакви детали од разговорот.

Останува нејасно дали на овој состанок Коѕијас што најави пред извесен период ќе го презентира нацрт договорот со 4 точки кој од грча страна се најавува како прв чекор кон решавање на спорот. Доколку овој документ добие поддршка од двете страни тогаш ништо веќе нема да стои на патот на Македонија во интеграцијата кон Европската Унија и НАТО.

Каков ќе биде исходот од денешната средба зависи од отстапките кои ќе ги направат двете земји, но земјите остануваат на добро познатите ставови. Македонската страна вели дека е подготвена да преговара за име со географска одредница но нема да прифати промена на Уставот и чепкање во јазикот и идентитетот. Грција пак од друга страна бара име „ерга омнес“, односно за внатрешна и надворешна употреба, како и интервенции во Уставот, за како што велат крај на иредентизмот.

И додека македонската и грчката јавност чека подетални информации од средбата во Виена, во Грција остри се реакции по изјавата на солунскиот градоначалник Јанис Бутарис поврзана со предлогот за промена на името на солунскиот аеродром, меѓутоа Бутарис подоцна ги негираше пишувањата тврдејќи дека изјавата е извадена од контекст.

 

Очекувањата се дека во следниот период значително ќе се интензивираат средбите меѓу претставници на двете влада а последните информации иако не се потврдени од МНР, велат дека министрите ќе се сретнат и на министерскиот состанок кој на 15-ти и 16-ти месецов ќе се оддржи во Софија.

Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР