Акција за чистење на Сарај, брегот на Треска не е во агендата на општинските власти

911
0
АКЦИЈА

Губриштето на бреговите на реката Треска во непосредна блзина на Скопје, во општина Сарај веројатно ќе остане и натаму.  Пред еден месец, ТВ 21 алармираше за дивите депонии на секој чекор во овој регион, но тоа не е точка на новата операција што ја почна локалната власт.

Денеска, општина Сарај ги покрена  комуналните претпријатија во акција за чистење на паркот во Сарај, околината крај вештачкото езеро Треска и популарната туристичка локација за скопјани, кањонот Матка.

„Предвидено е да бидат исчистени паркот во Сарај, езерото Треска и Матка. Сите места за кои е надлежно ЈП „Паркови и Зеленило“, вели Адријан Муча И.Д. „Паркови и зеленило“.

Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети одблизу го следеше чистењето на паркот. Вели дека ова е  продолжение на проектот започнат порано.

„Денеска сме заедно со директорите на претпријатието за комунална хигиена „Паркови и Зеленило“, со „Улици и Патишта“ во рамките на Град Скопје, како и со нашето претпријатие од Сарај. Ова е продолжение на акцијата која започна уште порано, за почиста животна средина, за улиците и сите важни површини“, порача Беџети.

Но директорот на ЈП „Комуналната хигиена“ Абдулсамед Шабани, апелираше и до граѓаните – да бидат внимателни каде фрлаат отпадоци.

„Со акцијата стигнавме до Сарај, а таа ќе продолжи и во други општини во Скопје. Но треба да се нагласи дека освен чистењето треба да влијаеме и врз совеста на граѓаните, помалку да фрлаат отпад, да не се прават диви депонии“, истакна Шабани.

Акцијата опфати и дел од скопската обиколница, на излезот од Сарај. Но таму работата ја отежнуваа големите бари, насобрана вода по дождот овие денови. Потешкотии имаа и автомобилите кои поминуваат. Општината ветува дека многу брзо ќе се најде решение и за овој проблем, кој се повторува по секој дожд. Освен во Сарај, акција за чистење почна и во општините Бутел, Шуто Оризари и Чаир, а се планира и во  Карпош.

Африм Јонузи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР