ЕУ издвои 845 илјади евра за осум општини од земјава

682
0
АКЦИЈА

Осум општини од земјава ќе добијат помош од регионалната програма за локална демократија на западен Балкан, чија цел е јакнење на граѓанскиот сектор на локално ниво. “Оваа програма следи како резултат од успешното искуство спроведено во БиХ“, рече Никола Бертолини од канцеларијата на ЕУ во Скопје.

„Ова ќе значи дека граѓаните треба да гледаат дека локалните власти и граѓанскиот сектор што ги претставува граѓаните, работат се почесто заедно. Многу е важно да се спомне дека секоја завршена работа на локално ниво, од компетентни лица, без разлика дали доаѓаат од локалните власти или од граѓанскиот сектор, е нешто на што треба да се фокусираат“, изјави Бертолини.

Програмата се однесува на Куманово, Струмица, Гостивар, Ресен, Кавадарци и 3 други помали општини, кои што според Бертолини работат со граѓанскиот сектор. Изборот е направен во соработка со програмата за развој на Обединетите Нации, УНДП, чија претставничка, Лујза Винтон, вели дека нивните жители ќе имаат поголема улога во носењето одлуки.

„Оваа програма е под мотото “Никој да не заостанува“ која ги содржи целите од “Агенда 2030“ за стабилност. Оваа програма ќе направи овие цели да се симнат на локално ниво и на луѓето да им се даде повеќе можност и моќ во работата на локалната власт“, вели Винтон.

Програмата е финансирана од ЕУ со околу 850 илјади евра, од кои 120 илјади се предвидени за грантови за секоја општина. За градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски ова ќе биде директна придобивка за општината и за граѓанскиот сектор.

Во реализација на проектите во општина Гостивар, според градоначалникот Арбен Таравари ќе учествуваат  30-тина невладини организации

„Побарав од нив да бидат дел од раководството на локалните политики и да бидат активен дел во носењето одлуки во општина Гостивар, и сега ова претставува добра можност за тие кои што ги исполнуваат критериумите, општината заедно со фондовите на ЕУ, да бидат активен дел во креирањето на политиките на општините“, смета Таравари.

Општините во соработка со граѓанскиот сектор предвидените проекти за кои ќе бидат финансиски помогнати, треба да ги реализираат во рок од три години.

Бесир Арифи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР