Грчки медиуми: На 24 јануари средба Заев – Ципрас во Давос

392
0
АКЦИЈА

Во рамките на Светскиот економски форум што од 23 до 26 јануари ќе се одржи во Давос, Швајцарија, според онлајн изданието на грчкиот весник Real, македонскиот и грчкиот премиер ќе одржат билатерална средба.

Според информациите на новинарот, јавува дописникот на МИА од Атина, освен премиерите, во Давос ќе бидат и шефовите на дипломатиите на двете земји.

– Според информациите на Real.gr, Алексис Ципрас, ќе се сретне со премиерот на Скопје, Зоран Заев на 24 јануари, факт што ги потврдува информациите дека за време на средбата Коѕијас – Димтров во Солун, постоеше голем напредок. Според истите проверени информации и независно од тоа што сè уште не постојат соопштенија, во швајцарското одморалиште, истиот ден ќе пристигнат и министрите за надворешни работи на двете земји, – пишува real.gr, пренесува МИА.

Грчките медиуми во изминатиот период шпекулираа дека е можна средба на Зоран Заев и Алексис Ципрас на форумот, но не постоеше потврда ниту од едната ниту од другата страна.

Единствено, од владината прес служба, пред три дена соопштија дека владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 25 и 26 јануари ќе учествува на Светскиот економски форум кој ќе се одржува во Давос, Швајцарија. Датуми, што не се поклопуваат со терминот објавен од грчкиот портал.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР