Макрон бара багетот да се најде на листата на УНЕСКО

548
0
АКЦИЈА

Претседателот на Франција, Емануел макрон побара популарниот француски леб багет да биде вклучен на листата на културно богатство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

– Целиот свет го сака багетот, изјави Макрон, поддржувајќи ја идејата на група француски пекари овој леб да се најде на листата на УНЕСКО.

Француските пекари беа поттикнати на оваа идеја откако минатата година на листата на нематеријално културно богатство на УНЕСКО беше вклучена италијанската неаполска пица.

Според пекарите, багетот не се карактеризира само по неговата форма и име, туку и по специфичниот рецепт за негова изработка.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР