„И јас сум тука“: Една година без струја, семејството Салихи „живее“ на леб и чај

544
0
АКЦИЈА

Семејството Салихи од село Мерово веќе една година живее без електрична енергија. Поради тешките економски услови, не биле во состојба да ги платат сметките, долговите од неплатените сметки стигнале до 600 евра, па затоа биле исклучени од електричната мрежа.

Таткото на Афир Салихи со солзи во очите раскажува колку му е тешко да ги израсне децата без никакви приходи. Вели дека бара работа, но не може да најде бидејќи поради болки во градите не може да врши тешки физички работи.

„Се чувствувам многу лошо. Кога доаѓам дома децата ме гледаат во рацете, се надеваат дека им носам нешто, но јас немам ништо. Децата како што можете да ги видите, едниот има 3 години додека помалиотсега ќе наполни 1 година, не знам што да направам“, вели Салихи.

Н: Како се децата со здравјето?

„Децата се добро, но тука во нашето село немаме доктор и затоа децата треба  да ги носам во соседното село, а за тоа треба да платам и автомобил кој ќе ме носи до таму, тоа чини околу 1000 денари“, вели Салихи.

Дрвата кои ги обезбедиле за да ја поминат зимата веќе се при крај, а домаќинката на семејството вели дека најчестото јадење кое им го дава на нејзините деца е леб и чај.

„Секој ден им давам да јадат леб и чај, бидејќи немам ништо друго“, изјави Фидајете Фазлиу.

Семејството нема никакви приходи, не добиваат ниту социјална помош. Тие молат за милост, надевајќи се дека некој ќе им подаде рака и ќе им помогне.

Африм Јонузи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР