Семејството Камберовски за долг од 40, платило 70 илјади денари на извршители

1265
0
АКЦИЈА

Ова е Ќамил Камберовски од скопското село Цветово. Неговата мака го натерала правдата да ја бара преку медиумите. Екипата на ТВ21 се сретна Камберовски во центарот на главниот град да ги слушне проблемите на неговото семејство. Видно вознемирен, но и револтиран Камберовски започна да го раскажува искуството кое го имал со извршителите. Најнапред му била блокирана трансакциската  сметка и од банка му рекле дека има долг од 26 илјади. Но, за брзо време долгот достигнал 40 илјади денари. Сепак, тоа не било сè. Следувал шок на кој ретко кој може да остане рамнодушен.

„Отидов кај извршителот. Службеничката ме прими, а јас ја прашувам. Што изработивте вие за да ми земете толку пари? Банката ми зема 40 илјади денари, но за што ми наплатувате вие 30 илјади денари, па нели е срамота. После една недела одам ми викаат 70 илјади“, вели Камберовски.

 Во исто време додека бев во канцеларијата на извршителот, вели Камберовски влегла и некоја жена која започнала силно да вреска и да плаче кога дознала дека долгот од 1500 денари и пораснал на 15 илјади денари. Не има многу со животни искуства како моето, вели Камберовски. Побара помош и разбирање од Владата.

„Јас не сакам на државата да должам. Барам  овие луѓе  што не ограбувеле, ако може владата да преземе нешто, како може само да се зема 20, 30, 50 илјади денари. Ако има начин нешто да вратат во ред ако не, нека ги потрошат на најмилите“, изјави Камберовски.

Токму на оваа тема, односно работењето на извршителите беше и фокусот на дебатната емисија Клик Плус на ТВ21. Граѓанскиот сектор во текот на целата емисија се обидуваше да објасни дека  извршителите наплаќаат многу поголеми суми од оние кои ги должат  на граѓаните и фирмите. Извршителите пак тврдат дека работат согласно Законот.

„Извршителот мора да ги наплати трошоците на адвокатот на нотарот.  Понатаму ние имаме и други трошоци, во текот на постапката на извршување. Имаме и трошоци на проценување, на вештаци. Имаме трошоци кои ги плаќаме на Катастарот, кои се огромни, а сега се намалени за 50%“, изјави Димов.

Од канцеларијата на Народниот правобранител велат дека на годишно ниво по овој основ на нивна адреса пристигнуваат околу 300 поплаки од физички и правни лица. Инаку до средината на оваа година треба да биде готов новиот закон за работата на извршителите, кој засега не ветува намалување на цените на услугите во оваа дејност. За 10 години извршителите во земјава наплатиле близу една милијарда евра.

Иле Петревски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР