Болеста на бубрезите и дијализите не го запираат Грицко – неуморниот хуманитарец

384
0
АКЦИЈА

Облека, играчки, храна и по некоја прегратка, тоа му е потребно на секое дете, вели Небојша Додевски, во јавноста познат како Грицко. Тој е неуморен хуманитарец. Секојдневно се грижи за деца чија среќа се уште не се насмевнала.  Работи во градинка и секојдневно им подарува љубов.

„Луѓето сакаат да помагаат, но не знаат. Им треба помош, но не знаат што им треба. И да прашаш некого што сакаш да  ти помогнам, ќе се збуни  нема да знае што да ти каже. Кога разговарам со луѓето се гледа дека тој жар и оган го има во нив, но и во секој, не е тоа дека само јас сум роден ваков“, вели Додевски.

 Небојша и самиот е со проблеми, страда од заболени бубрези, поради што три пати неделно по речиси четири часа минува на дијализа. Но тоа воопшто не го спречува да продолжи да се грижи за луѓето со уште поголеми маки.

„Јас не можам да гледам дека дијализата ми е пречка да правам нешто. Но можам да кажам дека дијализата ме ограничува. Сепак не може да ме сопре. Хитлер ништо не го спречило лошо да прави, зошто мене нешто да ме спречи добро да правам“, вели Додевски.

Додевски има своја теорија за добрината кај луѓето, вели дека најчесто се хумани но не умеат тоа да го прават долгорочно, туку само повремено. Затоа им порачува да се задлабочат и да ја ископаат во себе љубовта. Затоа што среќа е да се постои, но и да се биде во ситуација да се помогне. За прашања и одговори вели дека е достапен на социјалните мрежи.

Арбана Ќерими

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР