Занаети кои изумираат – Ибрахим Зеќири е единствениот ковач во старата Скопска чаршија

384
0
АКЦИЈА

59 години со чекан во рака. Ова е Ибрахим Зеќири, единствениот ковач во скопската Старата Чаршија.

Занаетот го наследиле од нивните предци. Од колено на колено, во семејството Зеќири веќе сто години се пренесува ковачкиот занает.

Иако порано можело добро да се живее од оваа професија, сепак во денешно време, вели Ибрахим тешко се заработува и не може да се опстане. Единствениот ковач во Старата скопска чаршија вели дека иако е тешко, сепак не може така лесно да се откаже од аманетот на неговите предци.

Но, веројатно семејниот занает ќе продолжи уште некоја година. Неговиот син Нехат исто така е ковач. Вели дека работи со многу желба, но потенцира дека овој занает е многу опасен бидејќи се работи директно со оган.

Освен секири, тие произведуваат и потковици, иако нивната продажба е многу мала.

Ова е еден од најстарите занаети. Во средниот век најсилната војска била онаа која го имал најдобриот ковач.  Ковачите имале голема улога во војската бидејќи тие ги правеле мечевите и сите потребни оружја и  исто така се грижеле за нивно одржување.

Африм Јонузи

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР