Јанушев генерален секретар, избрани и потпретседатели на ДПМНЕ, Димовски и Милошоски „аут“?

949
0
АКЦИЈА

Игор Јанушев, поранешниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие, е новиот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ,  одлучено е на денешниот Централен комитет на партијата.

За потпретседатели на партијата избрани се Владо Мисајловски, актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев, како и поранешниот пратеник Александар Николовски.

Пред настанот, се шпекулираше дека Илија Димовски и Антонијо Милошоски не се поканети на седницата и дека тоа значи дека тие нема да бидат дел од новото раководство.

Вечерва заседава Централниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, на кој се избирани нови членови на Извршниот комитет (ИК).

Во продолжение, сите членови на ИК:

Христијан Мицкоски

Иван Јорданов

Кирил Пецаков

Орце Георгиевски

Игор Николов

Трајко Славески

Драги Димитриевски

Влатко Ѓорчев

Александар Николовски

Силвана Ангелеска

Тони Михајловски

Димитар Димовски

Митко Јанчев

Дафина Стојаноска

Владо Мисајловски

Златко Перински

Коце Трајановски

Дејан Јовановски

Дејанчо Ефтимов

Игор Божиновски

Цветан Трипуновски

Костадин Богданов

Ане Лашкоска

Бајрам Требишки

Владимир Неловски

Даниела Рангелова

Игор Јанушев

Подготви: Антонио Крстевски

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР