Aлаѓозовски: Одлуките за субвенции на МРТ незаконски, Министерството за култура предлага поништување и одговорност

461
0
АКЦИЈА

Незаконски биле донесени одлуките по конкурсите за финансирање на песни според Законот за поддршка на домашната музичка продукција, чиј носител била Македонската радио телевизија, соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска во Битола.  Тој рече дека Министерството упатило инспекциски надзор кој констатирал дека се длабоко пробиени роковите за носење одлуки кои песни и автори ќе бидат поддржани со овој Закон.

„Од страна на инспекцискиот надзор раководството на МРТВ беше предупредено дека се соочува со кривична одговорност поради овие незаконски донесени одлуки со кои се создава штета по буџетот и кои претставуваат злоупотреба и несовесно работење на службата. Исто така раководството на МРТВ беше предупредено дека склучувањето на договори со авторите по овие одлуки ќе предизвика дополнително кршење на законите и нови основи за кривична одговорност“, изјави Алаѓозовски.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР