Апелација ги одби жалбите, 11 обвинети остануваат во притвор

395
0
АКЦИЈА

Скопска Апелсација, по одржаните јавни и нејавни седници на ден во средата и вчера, донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје 1 Скопје за продолжување на притворот во Шутка на осомничените: Митко Чавков, Владо Јовановски, Оливер Поповски, Горан Ѓошевски (шеф на обезбедувањето на Трајко Вељаноски), натаму на Игор Дурловски, Мунир Пепиќ, Душко Лазаров, Митко Пешов, Оливер Радулов, Богдан Илиевски – Бетмен и на Илија Славевски.

Вкупно до Апелациониот суд се пристигнати 18 жалби за продолжувањето на притворот на осомничени за тероризам и загрозување на уставниот поредок, но и за тешки насилства извршени на 27 април лани во Собранието.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР