Ракометарите против Србија на контролен натпревар пред ЕП во Хрватска

375
0
АКЦИЈА

Машката ракометна репрезентација попладнево го игра вториот контролен натпревар во рамки на подготовките за Европското првенство во Хрватска. Противник на избраниците на селекторот Раул Гонзалес е селекцијата на Србија, која исто како и Македонија е учесник на ЕП.

Почетокот на дуелот е во 18 часот и се игра во Белград, а домаќинот со цел да има што повеќе навивачи се реши влезот за натпреварот да биде слободен.

Во првиот од двата контролни дуели, Македонија вчера убедливо ја совлада селекцијата на Саудиска Арабија со 37:21 и овој натпревар се играше во Белград.

По дуелот со Србија, македонските ракометари ќе имаат уште два слободни дена за Божиќните празници, а новиот собир ќе биде на 8 јануари. Во Скопје ќе се тренира три дена бидејќи селекцијата на Македонија патува на 11 јануари за Загреб.

Првиот натпревар на ЕП, Македонија го игра на 13 јануари против Словенија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР