Во Брисел средба на Нимиц со преговарачите за името Наумовски и Василакис

436
0
АКЦИЈА

Специјалниот претставник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис, за надминување на разликите околу името.

Нимиц, утре во Брисел ќе одржи прес-конференција по средбите со преставниците на двете земји, во 12:15 часот во зградата на Регионалниот инфо центар за Западна Европа на ОН (UNRIC), соопшти МНР.

Средбата, како што претходно најави канцеларијата на Нимиц, е дел од напорите на ОН да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името.

На разговорите во Брисел, Наумовски ќе го придружува дипломат од МНР, а во ист формат кој е договорен со Нимиц, ќе биде и од грчката страна.

Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови идеи, сугестии или предлог, иако грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.

Последната формална рунда разговори на медијаторото на ОН со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР