Делегатите на ДПМНЕ должници на Груевски, тој убедува дека не се меша во изборот на нов претседател

961
0
АКЦИЈА

Истите делегати кои гласаа за Никола Груевски за претседател на партијата, ќе треба да го изберат новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Околу 70 отсто од нив, имаа јавни функции или пак ја почнаа својата политичка кариера  во време на владеењето на Груевски.

Филип Петровски, член на партијата кој отворено ја обзнани својата амбиција за лидерското место, јавно обвини дека старите членови на партијата се маргинализирани, додека поновите се фаворизираат. Фактот дека Груевски беше скоро 15 години на  чело на партијата, сугерира дека наследник ќе биде кандидатот кој ќе ја има неговата поддршка. Но токму поради ваквите сомневања, Груевски на социјалните мрежи, уверува:

„Имињата кои кружат во медиумите како потенцијални кандидати за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, се мои соработници и пријатели веќе долго време. Заедно работевме и заедно сме носеле одлуки во партијата, додека со некои од нив сме соработувале и во влада.  Затоа  не планирам да се мешам во одлуката на делегатите, ниту да сугерирам кој да ја добие поддршката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ“.

Груевски го потсети својот наследник дека во иднина ќе има многу обврски, односно дека ќе биде идниот премиер на земјата. Александар Михајловски, еден од иницијаторите за партиски реформи,  вели дека со заминувањето на Груевски се отвора патот за демократизација на партијата, за што е неопходно да се смени статутот.

Михајловски вели дека таканаречените реформатори ја имаат поддршката и од делегатите кои ќе гласаат на Конгресот. Сепак не сите ќе бидат во можност да гласаат:

Уште 30-тина други од делегатите на Конгресот на ВМРО ДПМНЕ се под истрага на Основното или на Специјалното јавно обвинителство, главно за злоупотреба на службената должност.

Фуркан Салиу

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР