Филмови на Мите Грозданов во Кинотека

421
0
АКЦИЈА

Кинотеката на Македонија од денеска до 13 декември ќе прикажува филмови во кои Мите Грозданов учествувал активно како актер, но и како режисер.

Поводот се 50 години професионализам и 63 години аматеризам на пензионираниот доајен на македонското актерство.

Вечер ќе биде прикажан филмот „Црно семе“ на Кирил Ценевски, а во наредните денови „Истрел“ на Бранко Гапо, „Мите-Коштан-Гркљан“ во кој Грозданов е и актер и режисер, потоа „Глужд во времето“, „Еурека: Сократ“, „Еурека: Михаил Шолохов“, „Народни трибуни: Димитар Поп-Георгиев Беровски“, „Коледе – Мирче, Лаве, Струја, Огин и Мите…“

Пред вечерашната проекција на „Црно семе“, Кинотеката од 20 часот ќе го прикаже 16-минутниот филм „Охридскиот светилник – Климент Охридски“ по повод утрешниот државен празник.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР