Полицијата трага по „спасителот“ на Села: Полицаецот Алими на листата на 35-те осомничени за 27 април

1220
0
АКЦИЈА

Прелистувајќи ја книгата со наслов „Соба 334“ во која е опишано делото на Фетах Алими за спасувањето на Зијадин Села, неговата сопруга ќе знае зошто МВР трага по него.

Рано утрото, на 28 ноември, полицијата извршила претрес во нивната семејна куќа во кумановското село Оризари. Полициските службеници и рекле дека барале оружје и дрога и дека имаат наредба за апсење на Фетах Алими. Бидејќи не го нашле дома, таа вели дека полицијата одзела некои стари мобилни телефони.

Нурија Алими вели дека Фетах не се крие, туку дека од семејни причини отпатувал надвор од државата. Пред два месеца го поминал граничниот премин кај Табановце, а како што вели неговата сопруга, по консултацијата со адвокатите ќе се врати во државата.

„Ако го бараат за тоа што го спасуваше Села, Фетах е целосно невин. Значи, доколку заради укажаната помош на Зијадин Села, го сметаат за виновен, тогаш тоа е апсурдно. Друго зло нема направено. Фетах таа вечер дури беше тепан. Тој 20 минути бил во бесознание за време на нередите на 27 април во Собранието“, вели Нурија.

Во месец мај Алими бил суспендиран, со образложение дека не бил на висина на задачата. Но, неговата сопруга вели дека, малку подоцна добил отказ.

Тоа го потврдија и од полиција со образложение дека тој е на листата на 35-те осомничени за настаните од 27 април. Полицијата во моментов трага по шест лица, а Спасовски пред неколку дена изјави дека не е распишана меѓународна потерница за нив бидејќи осомничените биле во државава.

Неговите адвокати велат дека се во контакт со Фетах и велат дека тој не е во бегство. За време на настаните од 27 април, кога толпата демонстранти насилно влезе во Собранието на РМ, Фетах Алими бил на должност во Одделот за безбедност на Собранието во рамките на МВР.

Неколку дена по „крвавиот четврток“ тој изјави дека го спасувал пратеникот Зијадин Села од толпата кога бил физички нападнат. Од Обвинителството за организиран криминал и корупција не откриваат детали за какво дело конкретно се товари Алими, но велат дека тој е меѓу 6-мината осомничени, кои се уште се недостапни за органите на редот.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР