Нов рекорд на вредноста на биткоинот

496
0
АКЦИЈА
Биткоинот денеска, по првпат, го надмина нивото од 12 илјади долари, продолжувајќи го драстичниот овогодинешен раст.
За биткоинот од неодамна се заинтересираа и Волстрит и останатите етаблирани пазраи, кои се подготвуваат да го стават на понудата и термински договори во најпознатата дигитална валута.
Аналитичарите наведуваат дека токму тој интерес, ја зголеми вредноста на биткоинот над 12 илјади долари.
Во азиската трговија, контроверзната криптовалута забележа нов рекорд од 12.590 долари, за потоа да се стабилизира на 12.567 долари. Кон средината на јануари, вредноста на биткоинот изнесуваше само 752 долари, а во ноември започна вртоглавиот раст на оваа криптовалута.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР