Синдикатот на УПОЗ бара оставка од Зоран Караџовски

387
0
АКЦИЈА

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани, познат како УПОЗ обвинува дека во Предлог буџетот за 2018 година се изоставени вработените во судската и во јавнообвинителската служба.

Овие вработени во судските органи, неколкупати досега штрајкуваа барајќи зголемување на платите и исплата на додатоците за плата. Поради тоа, УПОЗ денеска побара неотповиклива оставка од претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, бидејќи според нив, тој е еден од главните виновници за лошата финансиска состојба во која се наоѓаат вработените во судовите.

„Караџовски го сметаме за главен виновник затоа што двапати по 40 проценти кои минатата година ни беа задржани, беа на сметка на судовите до 31 декември 2016 година и можеше многу едноставно со негово одобрение овие пари да ни бидат вратени назад“, вели Верица Тасева.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски не сакаше да зборува за барањето и обвинувањата на УПОЗ. Сепак, вели дека се уште стои на истиот став за претходното барање за зголемување на платите и додатоците за платите.

Од Синдикатот на УПОЗ се надеваат дека наскоро ќе се подобрат и условите за работа на вработените во казнено-поправните и во воспитно-поправните домови бидејќи.

Како што информираа, веќе е остварена средба со директорот на Управата за управување на санкции и во подготовка е новиот закон за извршување на санкции во кој учествуваат и претставници на синдикатот.

Во врска со актуелната состојба околу изборот на претседател на ССМ, ставот на Синдикатот на УПОЗ е дека нивниот кандидат Пецо Грујовски ги исполнува условите да биде кандидат за претседател.

Аднан Ќаили

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР