Утре ќе се гласа дали има потреба од донесување закон за јазици

1084
0
АКЦИЈА

По неколку месеци заврши дискусијата од првата фаза на предлог законот за јазиците. Утре пратениците ќе гласаат за потребата за носење на овој закон. Потоа законот ќе достави до Комисијата за Европски прашања каде партиите најавија свои амандмани. Бидејќи законот е со европско знаменце, според Деловникот, дискусијата во Комисијата ќе трае три дена, а потоа оди на пленарна седница.

Од опозицијата најавуваат дека во втората фаза ќе предложат амандмани за коригирање на ова решение и негово усогласување со Уставот на државата.

Законот за јазиците за парламентарното мнозинство претставува чекор кон соживот. Тие денеска се обидоа да го заштитат и побараа од опозицијата да го поддржат овој прелог закон.

„Државата има направено неправда кон една заедница и тоа е право кое ни припаѓа, и е негирано од претставници на македонската заедница. Од оваа говорница и ова Собрание порачувам дека  тоа  е право кое и припаѓа на албанската заедница и не сакаа да се соочат со реалноста“, вели Ејуп Алими од ДУИ.

Законот се усвојува со просто мнозинство, односно со кворум од 61 пратеник, а од нив треба да гласаат 41 пратеник, плус Бадентер, односно да гласа и мнозинство од претставниците на малцинствата.

Зимер Јашари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР