Македонија, транзитна земја за трговија со луѓе

386
0
АКЦИЈА

Трговијата со луѓе го загрижува регионот. Само во Македонија, во последните пет години се идентификувани 33 жртви на трговија со луѓе, од кои 22 се деца. Освен што е земја транзит за групите кои вршат трговија со луѓе, Македонија исто така е и земја што претставува крајна дестинација за жртвите кои ги носат од надвор.

Несторовска исто така додаде дека во Македонија се откриени и случаи на трговија каде жртви се деца, вклучувајќи ги тука и групите со емигранти кои поминуваат низ земјава. Главната причина за трговија со луѓе се економските и социјалните проблеми на жртвите.

„Трговијата со луѓе, со сите нејзини девијации, ги надминува границите на криминогениот проблем. Главен мотив е искористување, независно дали станува збор за искористување за сексуални услуги или за работа. Овде станува збор за социјални, економски, културни или некои други импликации кои се интегрирани длабоко во феноменот трговија со луѓе“, вели Нухиу.

На денешната конференција на националните координатори против трговијата со луѓе во југоисточна Европа, исто така беше кажано дека Македонија се залага за борба против трговијата со луѓе и дека е потребна поголема соработка со цел овој феномен да биде поретка појава.

ТВ 21

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР