Се зголемува бројот на дијабетичари: 190 илјади лица дијагностицирани со дијабетес

489
0
АКЦИЈА

Бројот на заболени од дијабетес во Македонија се повеќе се зголемува. Според Бојан Киров, претседател на Сојузот на здружението на дијабетичари, вкупниот број на пациентите заболени од оваа болест е околу 190 илјади, а како главни виновници за дијабетесот се стресот, начинот на живот, исхраната и генетскиот фактор. Алармантно е и тоа што се поголем број на млади лица заболуваат од дијабетес.

Недостатокот на инсулин не претставува проблем, вели Бојан Киров и според него од септември до сега немало жалби за недостиг на инсулинот. И додека во октомври наводно поради транспорт доцнела пратката со инсулин, заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски излезе со ветување до дијабетичарите дека во иднина нема да имаат проблеми и ќе добивале квалитетна терапија, но не даде прецизен одговор дали досега во земјава е користен неквалитетен инсулин.

Според директорка на Клиниката за ендокринологија, Саша Јовановска Мишевска расте бројот на деца кои имаат дијабетес, односно оваа болест секој месец се дијагностицира кај едно до две деца.

Инаку дијабетес од тип 1 се добива генетски и овие пациенти се зависни до крајот на животот од инсулин. Дијабетес од тип 2 се добива како резултат на лоши животни навики и храната богата со шеќери.

На Светскиот ден на дијабетесот беше потенцирано дека треба да се работи на превенција бидејќи дијабетесот од тип 2 може да се превенира со подигање на јавната свест за стекнување на здрави животни навики.

ТВ 21

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР