Со автопатот Скопје – Тирана поблиску до пристаништето во Драч

803
0
АКЦИЈА

Изградба на автопат, кој би ги поврзал Скопје и Тирана позитивно би влијаело на развојот на економијата во Македонија.

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, вели дека една ваква делница би го намалила растојанието до пристаништето во Драч. Според него ова, пристаниште е поконкурентно за разлика од пристаништето во Солун, кое го користат поголемиот дел од македонските компании.

„Тоа е делница преку која би имале побрз пристап до пристаништето во Драч, поради тоа што знаеме дека пристаништето во Драч нуди подобра и поконкурентна понуда од пристаништето во Солун и фирмите можат да имаат многу големи придобивки“, вели Хоџа.

На прашањето, дали патот на „Арбри“ би имал позитивно влијание на развојот на економијата на земјата, министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски вели.

Со изградбата на делницата на Арбри, растојанието помеѓу Скопје и Тирана би се скратило за околу 100 километри. Пред четири дена премиерот на Албанија го промовираше делот од Тирана до границата со Македонија порачувајќи дека овој пат е важен за економијата во регонот.

Иако проект постои од 2008 година, сепак тој се уште не е усвоен од страна на македонската влада, па поради тоа од оваа страна на границата градежни работи за оваа делница нема.

Бајрам Мемети

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР