Владата нуди поддршка на малите и средни фирми

655
0
АКЦИЈА

Малите и средни компании владата реши да ги поддржува преку оперативниот план на активни програми и мерки за вработување. Мерките се однесуваат на унапредување на можностите за работа, купување опрема, но и поволности при вработување на лица до 29 години.

Програмата денеска беше претставена и пред бизнисмените од стопанската комора. Оперативниот план за мерки за вработување за годинава е 17 милиони евра, плус дополнителни над 2 милиони евра обезбедени со ребалансот на Буџетот.

„Особено е важно што денеска се присутни претставниците на деловниот сектот , затоа што се соочуваме со еден парадокс во земјата каде што има побарувачка за квалификувана работна сила, што бизнис секторот не може да ја обезбеди за соодветно за ја изврши својата работа“, смета Винтон.

„Еден од приоритетите на стопанската комора е усогласување на понудата и побарувачката на работна сила и обезбедување на квалификувана работна сила за потребите на работодавачите“, додава Елена Милевска Штрбевска.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР