Тачи: Верувам дека во 2018 ќе биде потпишан историскиот договор со Србија

424
0
АКЦИЈА

Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денеска оти верува дека следната година со Србија ќе биде потпишан договор за нормализација и помирување, како и дека 2018. може да биде одлучувачка за евроатлантската перспектива на Западен Балкан.

Тачи изјави дека евроатлантската перспектива во голема мера зависи од способноста, храброста и подготвеноста на самите држави да ги надминат меѓусебните проблеми, кои се уште се отворени.

– Јас многу работам на тоа поле, бидејќи не верувам дека нешто друго е поважно од мирот, помирувањето и добрососедските односи. Значи, верувам дека во текот на следната година треба да го потпишеме историскиот договор со Србија за нормализација и помирување, истакна Тачи на отворањето на конференцијата „НАТО и Западен Балкан: Регионални динамики во ерата на глобалните безбедносни предизвици“.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР