Најмалку 67 загинати во жестоки судири меѓу талибанците и полицијата во Авганистан

507
0
АКЦИЈА

Авганистанската полиција соопшти дека во текот на минатата ноќ талибанските борци нападнале петнаесетина нејзини контролни пунктови во покраината Кандахар, при што се убиени 22 полицајци.

Полицијата наведува дека 15 полицајци се повредени во борбите околу тие пунктови, од кои некои траеле со часови.

Во судирите загинале 45 талибанци, а 35 се повередни, се додава во полициското соопштение.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР