Мекиќ го напушти МЗТ Скопје Аеродорм

301
0
АКЦИЈА

Кошаркарот Адем Мекиќ не е повеќе во составот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша договор за раскинување на соработката со шесткратниот шампион на Македонија. Разделбата дојде по барање на играчот, со желба да замине во клуб каде би имал поголема минутажа.

Мекиќ настапи на четири натпревари во „сино-белиот“ дрес во АБА-лигата сезонава, со просек од три поени за 17 минути. На натпреварите од домашниот шампионат, Мекиќ имаше просечно седум поени со 2,5 скока.

За македонскиот репрезентативец ова беше четврта сезона во дресот на МЗТ Скопје Аеродром.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР